Џозеф: Балканот треба да се справи со ревизионистичката агенда на Москва во регионот

Од:

Да се запре ревизионистичката политика на Балканот водена од Москва и да се надмине кризната состојба со совпаѓање на интереси и политики во корист на интеграцијата и стабилноста а како одговор на руската агресија, е заклучокот од денешната конференција посветена на кризата во Украина и Балканот.

На настанот, модериран од Едвард Џозеф од универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон, се дозна дека актуелната криза поради руската инвазија на Украина засега не изгледа дека прави значајна промена во стојалиштето на ЕУ кон С. Македонија и нема итноста да се започнат претпристапните преговори.

Поднасловот на настанот е „што се промени, а што не се промени“ на Балканот по инвазијата на Русија во Украина а се обратија повеќе етаблирани експерти од Грција, Турција, Словачка, Романија, Бугарија, Србија, Хрватска, Северна Македонија, Црна Гора, Босна, Косово, Албанија и Грција.

Според Џозеф, има потреба од директно справување со ревизионистичката политика и ревизинистичката агенда на Балканот поддржана од Русија како начин за запирање на секакви идни намери на руска агресија во регионот.

-НАТО земјите од регионот заедно со Косово треба да го сторат имено тоа, да ја запрат оваа ревизионистичка агенда на Балканот реализирана од Белград а со поддршка на Москва, рече тој.

Сите експерти гласно се противат на агресијата на Русија во Украина.

Јан Сингел од Стартеџик Алијансес од Словачка, истакна дека е потребно замјите како С. Македонија и Албанија итно да го започнат процесот на пристапување во ЕУ а во поглед на опасностите од руско влијание во невралгичните точки на Балканот.

Огнен Вангелов од Универзитет американски колеџ од Скопје истакна слична поента и укажа дека закочната интеграција на ЕУ во регионот е клучна во промената на позициите.

-Поради бугарското вето незадоволството од ЕУ забележително се зголемува во регинот. Незадоволството од она што се чувствува како предавство на С. Македонија од страна на ЕУ прави дел од јавноста да се сврти кон Русија, истакна Вангелов.

Тој посочи дека постоечката криза поради руската инвазија на Украина засега не изгледа дека прави значајна промена во стојалиштето на ЕУ кон С. Македонија.

Џозеф ја напомена блокада на Грција за членство на С. Македонија во НАТО и ЕУ, но дека постигнатиот договор од Преспа ги променил нештата.

-Според договорот од Преспа, двете страни, Атина и Скопје, направија низа отстапки, како исклучителниот чекор за промена на името на земјата и според ЕУ таа како демократија се има квалификувано да започне претпристапни преговори, истакна Џозеф.

Јоанис Армаколас од Еламеп истакна дека Грција, поради руската агресоја во Украина, одлучи да истапи од традиционалното партнерство со својот некогашни „православни браќа“ од Русуја и да покаже големи симпатии со испраќање помош во оружје за Украина.

Озгур Оздамар од турксиот Билкент универзитет истакна дека Турција е во специфична положба и иако се постави како медијатор во засега неуспешните преговри меѓу Москва и Киев, одобри приватни испораки на дронови од сопствен производстви што се од голема помош за украинските сили на боиштата во земјата и ги затвори Дарданелите за премин на руски бродови.

Тој истакна дека Турција сепак се надева на регулирање на кризата „бидејќи премногу зависи од руските енергенси и од притокот на руски туристи и се плаши Москва да не поттикне нов бегалски бран од Сирија“ што би ја дестабилизирало ситуацијата во Турција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија