Ѕанакопулос: Договорот од Преспа е пораз на национализмот

Од:

Прв пат по распаѓањето на Југославија, национализмот не ги одредува политичките случувања во регионот, а Договорот од Преспа е стратешки пораз на национализмот, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, говорејќи на партиски настан организиран од СИРИЗА во една атинска населба.

Во обраќањето на тема „Планот и визијата за Грција во новата ера“, Ѕанакопулос се осврна и на решението меѓу Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

-Договорот од Преспа е стратешки пораз на национализмот во и вон границите бидејќи го отвора патот за соработка и развој меѓу земји кои имаат само да добијат од тоа, секако во особено тешки услови за стабилноста, но и за безбедноста во поширокиот регион. И сето ова е орден за нашата влада, орден за левицата. Затоа и ја грабнавме историската можност, без да сметаме на политичката цена, партиски интереси и без да направиме партиски пресметки, рече Ѕанакопулос и истакна дека „историјата ќе им оддаде почит на оние кои ја презедоа и ја завршија оваа многу тешка мисија“, споменувајќи ги владите од двете земји.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он