Двојно намален бројот на илегални имигранти во Бугарија

Од:

Бројот на илегални имигранти приведени лани во Бугарија е за 44 отсто помал од оној во 2013 година, соопшти денеска бугарското Министерство за внатрешни работи.

Како што јави БТА, според податоците на Генералната дирекција на бугарската Гранична полиција, лани во Бугарија биле приведени 6.499 илегални имигранти. Најголемиот број од нив потекнуваат од земјите зафатени со конфликти од Блискиот Исток и Централна Азија.

Најголем број од илегалните имигранити, односно 6.023, биле приведени во реонот на бугарско-турската граница.

Од вкупниот број приведени имигранти, 3.781 потекнуваат од Сирија, 1.370 од Авганистан, 355 од Ирак и 102 од Турција.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ