Две од повредените деца на автопатот „Тракија“ остануваат на интензивна нега

Од:

Потешко повредените деца од несреќата со српскиот автобус на автопатот Тракија остануваат на интензивна нега.

Ноќта ја поминаа релативно мирно, изјави директорот на „Пирогов“ д-р Валентин Димитров. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Димитров, денеска треба да се извршат високоспецијализирани прегледи на едното дете од Србија заради прецизирање и поставување конечна дијагноза.

На другото дете му претстои голема операција, со цел да се стабилизираат скршениците на карлицата. Двете повредени деца од Србија се на Одделот „Детска реанимација“ во болницата во Софија.

– Нема директна опасност по животот, но тие се во тешка ситуација, времето е прекратко за да имаме некоја поголема промена, рече Димитров.

Директорот на болницата „Пирогов“ вчера се сретна со роднините на повредените деца и со привремената управителка на амбасадата на Србија во Бугарија, Славица Паниќ, за да ги информира за преземеното лекување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Жена загина во несреќа на скопската обиколница

Горан Наумовски

Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад

А1он

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Васко Саздовски е Македонецот кој загина во несреќата во Нови Сад

А1он