„Две ега“: Судирот меѓу Ердоган и неговиот ривал Ѓулен

Од:

ДПА – Хамбург 

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган некогаш го сметаше Фетулах Ѓулен за сојузник во обидите да ја зацврсти власта, потоа – за соперник, а сега за смртен непријател, кој го поттикнал воениот преврат за да го протера од власта.

Ѓулен е исламски проповедник и е во доброволен егзил во САД од 1999 година. Тој во 70-те години основаше свое движење познато како Хизмет („Служба“) и оттогаш привлече милиони свои следбеници.

Добротворни фондации, училишта и други организации во САД, Турција, Азија и Африка се приклучија кон движењето. Некои од чартер училиштата (приватни училишта финансирани делумно од државата) во САД станаа предмет на проверки од правосудните органи.

Ѓулен ја поддржа исламско-конзервативната Партија на правдата и равојот (АКП) на Ердоган при доаѓањето на власт на почетокот од минатата деценија. Проповедникот директно ги насочуваше своите следбеници да добија добро образование, кое ќе ги направи погодни да и помагаат на новата Влада.

Членовите на организацијата станаа клучни државни службеници и се вклучија во редовите на полицијата и правосудството. Некои отидоа и во армијата. Други отворија банки, компании и медиуми.

Како сојузници, и двајцата се обидуваа да ги надминат наследствата од старата контрола на армијата врз државните институции. Стотици луѓе беа изведени пред суд по обвинувањето „Ергенекон“, кое започна во 2007 година, иако речиси сите од тогаш беа ослободени, а многу докази се докажаа како фабрикувани…

Противречностите меѓу двајцата започнаа да се продлабочуваат во послдниве години. А вистинските причини за тоа не се дознаа.

Судирот стана јавен на крајот на 2013 година, кога обвинителите започнаа прогони за корупција во Владата, кои Ердоган ги издржа, но ги обвини ѓуленистите за истрагите и за објавувањето на снимки од телефонски разговори каде се зборуваше за корупција на високи државни службеници.

Од тогаш, Турција го нарекува движењето на Ѓулен „терористичка организација“, дури и по последниот обид за преврат. Илјадници лица за кои се претпоставува дека се ѓуленисти беа уапсени и отстранети од државните служби или преместени на нови работни места во државните институци за да се намали нивното влијание.

Но, што го предизвикаа спорот?

Ердоган и Ѓулен спореа за надворешната политика, вклучително и за Сирија и Израел, и за внатрешни прашања како курдскиот проблем, меѓу кои и обидот за мировен процес меѓу државата и Курдската работничка партија (ПКК).

Постојат докази дека Ердоган, исто така, бил вознемирен од апсењата на високи функцониери по обвинеието за „Ергенекон“, а дури и отворено заштитил генерал кој бил уапсен.
– Не станува збор само за две ега, туку и за судир на две ега кои имаат различни погледи за земјата и притоа и двајцата се лидери на исламистички движења. Од 2013 година тие не можеа повеќе да работат заедно, Турција не е доволно голема за двајцата, вели Илхан Танер, турски аналитичар од Вашингтон.

Останува загатка зошто Ѓулен остана во Пенсилванија по доаѓањето на власт на АКП во 2002 година, особено по 2007 година, кога партијата не само што ја имаше Владата, туку ги доби и претседателската функција и презеде контрола врз врвот на армијата, која долго време влијаеше врз политиката.

САД побара Турција да приложи цврсти докази за поврзаноста на имамот Ѓулен со заговорот за преврат. Аналитичарите сметаат дека ѓуленистите можеби навистина биле замешани во овој обид за преврат, но заедно со нив веројатно имало и други.

Дали проповедникот знаел нешто останува да биде допрва докажано. Тој категорично ги одбива таквите обвинувања.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ