Автобус се преврти кај местото Вртиќ, кај Невесиње во Босна и Херцеговина при што две лица го загубија животот, а осум се повредени, од кои еден потешко, потврди полицијата.
Несреќата се случила утрово околу 8 часот на магистралиот пат помеѓу Невесиње и Гацко, а се претпоставува дека поради гуската магла и лошата видливост, автобусот излетал од патот и се превртил.
Неколку од повредените се префрлени во болница во Невесиње додека едно лице кое што било потешко повредено е пренесеново Мостар.
Во автобусот кој од Белград носел патници за Невесиње и Мостар имало околу 20 патници.
Фото: СРНА