Двајца Турци загинаа од залутани куршуми од Сирија, турската армија одговори на огнот

Од:

Еден маж и 15-годишно момче беа убиени од залутани куршуми, истрелани од Сирија кои паднале во турски пограничен град, а турската армија одговори на огнот, соопштија официјални претставници.

Тоа е најсериозното ширење на насилството од Сирија во Турција во изминатите седмици.

Турската армија дејствувала во согласност со интерните наредби, откако куршуми, истрелани од соседниот сириски град Рас ал Аин, погодија полициска станица во југоисточниот турски град Џејланпанар и куќи во центарот на градот.

Инцидентот, што се случил вчера, ги зголемува стравувањата дека граѓанската војна во Сирија ги вовлекува соседните држави, оценуваат аналитичарите.

Курдски бунтовници водат борби со исламистички бунтовници во Рас ал Ајн од вчера. Турскиот град Џејланпанар е само на неколку метри од границата. Извори од силите за безбедност соопштија дека судирите продолжуваат.

Турската армија соопшти дека претставник на локалните власти бил полесно ранет од куршум.

Турската армија исто така не даде информација дали погодила некакви цели во Сирија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ