Двајца повредени при одрон на тунел во изградба во Бугарија

Од:

Двајца градежни работници се полесно повредени денеска при одрон на земја на тунел во изградба во близина на бугарскиот град Дупница.

Како што јави БТА, едниот од работниците се жалил на болки на грбот и имал гребаници по телото, а вториот се здобил со повреда на глуждот.

Според бугарската полиција, повредените работници се пренесени во болница и се вон животна опасност.

На местото на инцидентот пристигнале претставници на Дирекцијата на Трудовата инспекција од Ќустенфил, кои извршиле увид, по што ќе направат и дополнителни проверки дали компанијата изведувач на градежните работи ги почитувала стандардите за безбедност при работа.

Според трудовите инспектори, најверојатна причина за одронот на земјиштето се обилните врнежи во последниве неколку дена.

Би можело да ве интересира

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална