Двајца бугарски полицајци загинаа откако автобус со илегални имигранти удрил во нивниот автомобил

Од:

Автобус со мигранти удрил во патролно возило за време на потера со полицијата. Двајца бугарски полицајци загинаа бркајќи го автобусот со мигранти, јавува дописникот на МИА од Софија. Инцидентот се случил при потера по автобусот со мигрантите во Бургас. На местото во Бургас пристигна вршителот на должноста министер за внатрешни работи Иван Дерменџиев. Меѓу 47-те мигранти во автобусот нема повредени, меѓу нив има мажи, жени и деца кои се нашле на местото на несреќата.

Сириски државјанин со хуманитарен статус, кој е поврзан со транспорт на мигранти, е приведен, а по друг трага бугарската полиција. Според министерот Дерменџиев, одговорност за инцидентот е на „Граничната полиција“ и за ова побарал оставка од нејзиниот заменик директор Дејан Молов. Дерменџиев најави дека шверцерите и објавиле војна на Бугарија и неговата земја со сите сили ќе одговори на овој предизвик. Тој рече и дека дополнително ќе се обезбедува безбедноста на границата на Бугарија со Турција.

Неговиот колега, министерот за одбрана Димитар Стојанов најави дека армијата ќе испрати 300 војници за зајакнување на безбедноста на границата со Турција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски