Двајца Бугари уапсени во Грција за намерно предизвикување пожар

Од:

Полицијата во Грција уапси двајца Бугари – маж (38) и жена (36), против кои се покренати обвиненија за учество во наметно потпалување во реонот на градот Трикала во северозападниот дел на земјата, јави БТА.

Според полицијата, двајцата Бугари причиниле пожар во земјоделски реон со ниска вегетација и храст, по што избегале со возило.

Огнот бил изгаснат од локални жители и минувачи.

Властите ги пронашле и уапсиле потпалувачите, при што одзеле од нив два канистри со запаллива течност и една запалка. Бугарите ќе бидат предадени на обвинителството.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Нема повредени во пожарот кај Клинички центар, зафатени две возила и фасада на зграда

Голем пожар во близина на Клинички центар

Катерина Ѓуровски

38-годишен маж е повреден во пожар во Гостивар