Дваесет и две години од злосторствата во Сребреница

Од:

Во Меморијалниот центар во Поточари, покрај Сребреница денеска ќе биде одржана традиционалната 22. комеморација за жртвите кои настрадаа во масакрот во тој град за време на војната во Босна и Херцеговина.

Прв пат од завршувањето на војната во БиХ комеморацијата во Поточари ќе биде одржана додека на чело на општината Сребреница е Младен Грујичиќ, претставник на босанските Срби.

Присуството на комеморацијата од Србија го потврдија до сега претставици на опозивиските ЛСВ, Ненад Чанак и ЛДП, Чедомир Јовановиќ.

Поранешниот началник на Сребреница, Ќамил Дураковиќ, инаку претедател на Организацискиот одбор за одбележување на годишнината од тоа воено злосторство потврди за Фена дека се е подготвено за колективна молитва и погребување на идентификуваните жртви.

Дураковиќ изјави дека од аспект на материјално-техники средства Организацискиот одбор ги извршил сите подготовки оваа годишнина да мине во најдобар ред.

Тој истовремено апелираше до граѓаните своето однесување да го усогласат со важноста на настанот, да бидат достоинствени. Дураковиќ напомена дека безбедноста е подигната на највисоко ниво и додаде дека сите добронамерни луѓе се добрдојдени.

Тој очекува дека во Поточари ќе се соберат меѓу 25 илјади до 30 илјади луѓе од целиот свет.

Во Културниот центар Сребреница вчера беше одржана комеморативна седница за бошњачките и српските жртви.

Бошњаците сметаат дека во Сребреница се случил геноцид, додека властите во Србија и Република Српска сметаат дека во тој град за време на војната се случило воено злосторство.

Би можело да ве интересира

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница