ДС: Власта ја загрози иднината на Србија

Од:

Демократската партија на Србија соопшти, дека единствено во сојузништво со европските држави може да ги заштити своите интереси и ја повика власта, да ја каже вистината, излезе со предлог решение и да биде одговорна кон европската иднина на државата и нејзините граѓани.

Според партијата изјавите на преговарачите по состанокот не се вистинити, а власта со лошите преговори ја загрози иднината на Србија.

-Затоа Демократската партија уште еднаш нуди помош за решавање на проблемот, иако денешната власт во време кога партијата ги водеше преговорите, а ситуацијата за Србија беше поповолна, спречи да се постигне каков било договор за Косово – се наведува во соопштението.

Од партијата наведуваат дека веќе 23 години сметаат дека само преку членство во ЕУ, Србија може да се најде во редот на современи, развиени држави кои на своите граѓани им даваат можност да живеат во стабилно, демократско и економски развиено општество.

-Србија единствено во сојузништво со европските држави, а никако низ судири со нив, може да ги заштити своите интереси и обезбеди квалитетен живот на своите граѓани, стои во соопштението.
Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ