Државното обвинителство на Босна и Херцеговина денеска ги предупреди обвинителите, ангажирани во кривичниот прогон на сторителите на најсериозните случаи на организиран криминал дека се изложени на „големи медиумски и политички притисоци“.
– Државното обвинителство на БиХ ја известува јавноста дека државните обвинители во последни време се под голем медиумски и политички притисок. Но, сите притисоци се залудни бидејќи ниту еден обвинител нема „да заобиколи или заштити“ некого што сторил кривично дело. Ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните и владеењето на правото и во согласност со законот, на европскиот пат на БиХ и никакви притисоци нема да не спречат, се истакнува во соопштението.
Во соопштението не се наведуваат детали за притисоците и кој стои зад нив, но има случаи кои повеќе месеци се во фокусот на вниманието на јавноста во БиХ.