Руски државјанин (35) е тешко повреден во инцидент што се случи синоќа во центарот на Белград, пред трговски центар.
Како што објавија српските медиуми, се сомнева дека мажот прво вербално малтретирал девојка (28) додека била во трговскиот центар, по што следувале непријатни ситуации и шеги со сексуална конотација. Девојката, како што се наведува, во неколку наврати се обидела да избегне контакт и да се оддалечи од него.
Додека се упатувала кон излезот, ситуацијата ескалирала.
Го повикала својот партнер (36), кој набрзо се појавил на местото на настанот. По кратка дискусија, се случи тепачка меѓу нив.
Според истите наводи, рускиот државјанин бил претепан, а потоа бил повреден со ножици во пределот на очите.
Русинот со возило на брза помош бил пренесен во Ургентниот центар, каде што му биле констатирани тешки повреди.
Како што е познато, тој бил сместен во одделот за неврохирургија во шок-соба каде што добива интензивна медицинска нега.
По инцидентот, полицијата ги приведе мажот (36) и девојката (28), а против нив се води постапка под сомнение за нанесување тешки телесни повреди како дел од кривичното дело.
Истрагата ја води Првото основно јавно обвинителство во Белград.
