Драконски мерки за безбедност поради престојот на папата во Лезбос

Од:

Грчките власти преземаа драконски мерки за безбедност поради претстојната посета на папата Франциско на островот Лезбос на 16 април.

Според првичните информации, поглаварот на Римокатоличката црква нема да се движи со специјалниот папамобил и за време на престојот ќе биде придружуван од вселенскиот патријарх Вартоломеј и атинскиот архиепископ Јероним.

Тие заедно ќе ги посетат бегалските прифатни центри на островот Лезбос.

Главниот секретар на Министерството за јавен ред на Грција Димитрис Анагностакис изјави дека животот на жителите на островот нема да биде под влијание на мерките за безбедност, но појасни дека тие се задлжителни.

За весникот „Етнос“ архиепископот Јероним изјави дека посетата на папата ќе биде многу силна порака до сите народи и нивните лидери, со цел да ја преземат својата одговорност за надминување на бегалската криза.

Минатата седмица во сопштението на Ватикан беше прецизирано дека целта на посетата на папата на островот Лезбос е да ги поддржи бегалците и да го привлече вниманието на европската миграциски криза.

Папата постојано изразува поддршка за бегалците, повикувајќи ги католичките цркви во Европа да им дадат засолниште на семејствата на имигрантите.

Неговото прво патување, откако стана папа во 2013 година, беше на италијанскиот остров Лампедуза, кој како Лезбос имаше прифатено илјадници имигранти.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он