Документот на ЕУ, е површен според Србија

Од:

На Белград во текот на последната рунда на преговорите во Брисел му е понуден документ со осум точки, со кои на заедницата на српските општини не им се гарантира извршна власт, туку помали надлежности, дури и во помал број отколку што гарантира Уставот и законот на Косово.

„Блиц“ од извори од Брисел го доби документот, кој високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон му го даде на премиерот на Србија, Ивица Дачиќ по системот „земи или остави“.

Српскиот весник наведува дека документот е многу сиромашен и површен така што за неговата содржина не може да се разговара.

Во прашање е понуда во која на поврешен начин е раскажан Ахтисаријевиот план кој е вграден во Уставот и законот на Косово, а на Србите им се дава одлучување само во локалниот економски развој, образование и здравство.

Со Ахтисаријевиот план на општините им се овозможува да се здружат меѓусебно со асоцијациите, но со нив не се гарантира никаква извршна власт и посебност, исто како и со овој документ.

Документот на Ештон на Србите им овозможува заедница во која општините ќе добијат место во Консултантскиот совет на заедницата, односно советодавно тело формирано во рамките на канцелариите на Косово, кое нема никаква законска тежина, а уште помалку извршни овластувања.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ