Како што дознава српски Курир, на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград вечерва имало вистинска драма, откако била добиена анонимна дојава за бомба.
По пријавувањето за наводната бомба, патниците биле веднаш евакуирани.
Надлежните служби веднаш реагираа и презедоа мерки за безбедност на патниците и персоналот на аеродромот.
Истрагата моментално е во тек, а полицијата и безбедносните служби извршиле увид во авионот и околината.