Договорот од Преспа критериум за гласот на Грците на следните избори

Од:

Речиси 7 од 10 Грци сметаат дека Договорот од Преспа многу ќе влијае на гласот на граѓаните на следните избори, според последното истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата „Alco” за грчката телевизија „Open”, јави дописничата на МИА од Атина.

На прашањето „дали сметате дека Договорот од Преспа ќе влијае многу, малку или воопшто на гласот на граѓаните”, 67 проценти од анкетираните одговориле „многу”, 23 отсто „малку”, а само 6 проценти воопшто, додека пак 4 отсто рекле дека не знаат или одбиле да одговорат.

За разлика од големото влијание на договорот, позитивните владини мерки за Грците многу помалку ќе влијаат на нивната одлука за кого ќе гласаат. За тоа дали зголемувањето на минималната плата и останатите економски мерки ќе влијаат на гласот на граѓаните, 39 проценти рекле дека влијанието ќе биде големо, 35 отсто мало, а 19 проценти дека воопшто нема да влијае.

Истражувањето покажало дека и покрај стапувањето на сила на Договорот од Преспа и новото име за нашата земја, мнозинството Грци ќе продолжат да го користат терминот Скопје. 59 проценти одговориле дека соседната земја ќе ја нарекуваат Скопје, 37 отсто Северна Македонија, 7 проценти ПЈРМ, а исто толку проценти од анкетираните рекле дека не знаат или одбиле да одговорат.

За грчката економија, 71 проценти рекле дека оди во погрешна насока, а 42 отсто сметаат дека ситуацијата во земјата ќе беше иста доколку на власт беше Нова демократија.

Во однос на распоредот на силите на грчките партии, Нова демократија е прва со 6.5 проценти пред СИРИЗА, а потоа следат Златна зора, Комунистичката партија, Движење на промена, Сојуз на централисти, а Незавсини Грци и Река остануваат вон парламентот.

Истражувањето на агенцијата за рејтинг „Alco” за телевизијата „Open” било спроведено преку телефонски интервјуа од 18 до 23 февруари, и биле анкетирани .1000 лица со право на глас од цела Грција.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он