Договор СНС-СПС-ПУПУС-УРС: Нема признавање на Косово

Од:

СНС, Социјалистичката партија, ПУПС и УРС попладнево го потпишаа коалициониот договор за гормирање на идната влада. Со спогодбата лидерите на овие партии се обврзуваат на заеднички политички цели, од кои најважна е државната политика.

Сите ставија потпис на договорот во кој стои дека „Србија нема да го признае Косово, но дека е потребна нормализација на животот на сите граѓани на Косово и Метохија“.

Во тектстот се наведува и дека Србија ќе развива посебно добри меѓусоседски односи со Црна Гора, Македонија, Босна и Хрватска. Идната влада најавува реформи во стопанството, странски инвестиции, поголем наталитет, остри санкции за насилство над жени и деца, потполно бесплатно здравство, и пред се слобода на медиумите и спречување на коцнетрација на медиумски монопол.

Веќе се познати и имињата на министрите во новата влада меѓу кои в.д. претседателот на СНС Александар Вучиќ ќе раководи со одбраната на Србија, а Ивица Дачиќ освен премиер ќе ја врши и функцијата министер за внатрешни работи. Со дипломатијата ќе раководи Леон Коен, а Млаѓан Динкиќ ќе биде министер за економија и финасии.

 

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски