Додик за протестите на опозицијата: Кој губи има право да се лути

Од:

Милорад Додик, претседателот на СНСД, кој беше и противкандидатот за претседател на Република Српска, Јелена Тривиќ од ПДП, ги коментираше синоќешните протести на опозицијата со зборовите „кој губи има право да се лути“.

Тој додава дека се поминало мирно. Коментирајќи ги наводите за кражби, вели дека ова не е местото каде што се утврдува кражбата.

„Целосно сум убеден дека ова е создавање на атмосфера која воопшто не постои“, изјави Додик, пишува Klix.ba.

Тој објасни дека ЦИК нареди прво да се преброи Претседателството на Босна и Херцеговина, па Парламентарното собрание, пребројувањето за претседател не почнало пред 23 часот и дека резултатите не може да се знаат порано.

Би можело да ве интересира

Додик: Ќе продолжам да победувам во Република Српска

Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство

Додик: Република Српска не го загрозува мирот во Босна и Херцеговина, се друго е лага

Дачиќ: Додик и Стевандиќ се државјани на Србија

Горан Наумовски

Додик: Следната недела ќе се вратам во БиХ

Горан Наумовски

Судот му ја прати пресудата на Додик, има рок од 15 дена да се жали

Горан Наумовски