Додик тврди дека Велика Британија планира депортација на мигранти во Западен Балкан

Од:

Претседателот на Република Српска – Милорад Додик денеска изјави дека во наредните денови ќе достави информација до Народното собрание на Република Српска за да се заземе став за наводните намери на Велика Британија да депортира мигранти во земјите од Западен Балкан, пренесе Раша Тудеј.

Додик истакна дека е очигледно оти „некои луѓе на ниво на Босна и Херцеговина, пред сè муслимани“, како и опозицијата од Република Српска, се запознаени со овие планови.

– Ќе испратам информација до Народното собрание за да се утврдат ставовите на Република Српска по ова прашање. Сè е тоа несоодветно. Велика Британија, и не само таа, туку и ЕУ, го сакаат тоа. Го слушнавте новиот германски канцелар, кој вели дека треба да се реши прашањето со мигрантите. Како што гледате, мигрантите се проблем и во САД, рече Додик.

Тој нагласи дека Република Српска нема да даде согласност за какви било договори за мигрантите.

– Тие овде се непотребни и непожелни на тој начин. Ова нема врска со верски, расни, етнички или национални пристапи, туку со зачувување на безбедносниот систем, заклучи Додик.

Според него, изјавите на британскиот министер за надворешни работи, кој изразил желба за соработка со БиХ во областа на културата, туризмот и решавањето на мигрантските прашања, јасно укажуваат на намерите на Лондон.

– Зар има поголем доказ од тоа што премиерот на Велика Британија рече дека сака да испрати во БиХ мигранти кои не добиле азил, како и лица кои ги прекршиле законите во таа земја и се осудени на затворски казни?, додаде Додик.

Би можело да ве интересира

Додик: На крајот сме од нашата политичка борба и од патот

А1он

Полјански: Ситуацијата во која се гони Додик е закана за стабилноста на БиХ

Горан Наумовски

Русија се огласи за Додик: Дојде моментот на вистината

Додик распиша референдум: Коалицијата е решена да ја брани „Дејтонската позиција на Република Српска“

На Милорад Додик му е одземен мандатот

Катерина Ѓуровски

Вучиќ: „Србија не ја прифаќа пресудата против Милорад Додик“