Додик: Не постои пат на БиХ за НАТО, се што Комшиќ денеска кажа е чиста лага

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој денеска присуствуваше на полагањето свечена заклетва на новоизбраните членови на Претседателството на БиХ во Сараево, изјави дека патот на Босна и Херцеговина кон НАТО не постои, дека нема договорен став за него и дека се што денеска кажа Жељко Комшиќ во своето обраќање е „чиста лага“.

Коментирајќи ги пораките на хрватскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Додик на Твитер напиша дека постои само соработка и , како што наведе, дека Комшиќ со неговото надмено однесување и еднострано истапување уште еднаш покажа каква ќе биде неговата политика и во иднина.

„Тоа е политика на лаги, подметнувања и срам за БиХ на меѓународно ниво“, напиша Додик.

Досик кажа дека „сето тоа што Комшиќ го кажа во својот говор е целосна лага“ и затоа, како што наведе, ја напуштил конститутивната седница на Претседателството на БиХ додека тој говорел.

„Жељко Комшиќ не е избран од граѓаните и граѓанките, како што лажно тврди, туку е избран од дел од Федерацијата, и тоа не тој што требаше да биде – хрватскиот народ, како што налага Уставот на Босна и Херцеговина, туку од бошњачкиот народ“, напиша Додик.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик: Пет милијарди луѓе во светот нема да застанат зад резолуцијата за Сребреница

Додик: Германија, САД и Велика Британија се најголемите виновници за политичката криза во Босна и Херцеговина

Додик: Во БиХ нема вонредна ситуација, Република Српска го почитува Дејтонскиот договор

Додик: Ми се закануваат со апсење

Горан Наумовски

Вулин: Во тек е заговор против Србите, сакаат да го уапсат Додик

Предраг Петровиќ

Додик: Путин го брани суверенитетот на својот народ