Додик: Не постои пат на БиХ за НАТО, се што Комшиќ денеска кажа е чиста лага

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој денеска присуствуваше на полагањето свечена заклетва на новоизбраните членови на Претседателството на БиХ во Сараево, изјави дека патот на Босна и Херцеговина кон НАТО не постои, дека нема договорен став за него и дека се што денеска кажа Жељко Комшиќ во своето обраќање е „чиста лага“.

Коментирајќи ги пораките на хрватскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Додик на Твитер напиша дека постои само соработка и , како што наведе, дека Комшиќ со неговото надмено однесување и еднострано истапување уште еднаш покажа каква ќе биде неговата политика и во иднина.

„Тоа е политика на лаги, подметнувања и срам за БиХ на меѓународно ниво“, напиша Додик.

Досик кажа дека „сето тоа што Комшиќ го кажа во својот говор е целосна лага“ и затоа, како што наведе, ја напуштил конститутивната седница на Претседателството на БиХ додека тој говорел.

„Жељко Комшиќ не е избран од граѓаните и граѓанките, како што лажно тврди, туку е избран од дел од Федерацијата, и тоа не тој што требаше да биде – хрватскиот народ, како што налага Уставот на Босна и Херцеговина, туку од бошњачкиот народ“, напиша Додик.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ

Додик: Вучиќ ќе победи за суверенитетот на Србија

Горан Наумовски

Додик: Овој ден нека биде одбележан во мир и достоинство

Додик го повика на физичка пресметка, американскиот амбасадор возврати: Подло и заостанато

Предраг Петровиќ