Додик: Не очекувавме напади од Белград врз Србите од РС, тоа е болно за нас

Од:

Претседателот на Република Српска ги коментираше изјавите на кандидатите на изборната листа „Србија против насилството“ и нивните поддржувачи и се осврна на нападите насочени кон гласачите кои доаѓаат од тука.

Додик рече дека нападите врз Србите од Република Српска се нешто што не го очекувале и дека за нив е болен фактот што нападите доаѓаат од Белград.

„Ние не сме против Србија, ние сме дел од еден народ, така се чувствуваме и ние сме многу заинтересирани Србија да биде најсилна во регионот и да го слави секој успех што го има“, изјави Додик.

Тој рече дека гласачите од РС го искористиле своето законско право и дека не е задоволен со бројот на луѓе кои имаат право на глас и доаѓаат од овој субјект, за што ќе разговара со раководството на Србија.

Додик истакна дека со луѓето кои се против Србите од Република Српска ќе се бори преку политички дијалог.

Опозицијата во Белград ги обвини владејачките структури во Србија дека систематски носат луѓе од Република Српска кои имаат и српско државјанство и своето место на живеење го пријавиле во Белград за да имаат право на глас и на градските избори.

Опозицијата смета дека се украдени и дека власта прогласила победа преку кражба, а за локалната власт никој друг освен белграѓани не треба да одлучуваат. Од друга страна, од партијата на власт им одгвоорија дека вкупно на изборите гласале 6000 Срби од Република Српска кои никаконе можеле да го сменат резултатот, но и дека опозицијата ги потпишала сите записници од изборите со што се согласила дека нема нерегуларности.

Би можело да ве интересира

Додик: Република Српска не го загрозува мирот во Босна и Херцеговина, се друго е лага

Дачиќ: Додик и Стевандиќ се државјани на Србија

Горан Наумовски

Додик: Следната недела ќе се вратам во БиХ

Горан Наумовски

Судот му ја прати пресудата на Додик, има рок од 15 дена да се жали

Горан Наумовски

Додик: Буквално сме принудени да се бориме за нашата слобода, немаме друга опција

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба