Додик: Наскоро патувам во Москва, ќе побарам поддршка за независност на Република Српска

Од:

Милорад Додик најави дека наскоро ќе отпатува во Москва, каде што ќе разговара со руските лидери и ќе продолжи да лобира за поддршка на независноста на Република Српска, како и дека има намера повторно да оди во Русија во октомври и да се сретне со Владимир Путин.

Наскоро ќе одам во Москва каде што ќе одржам средби со влијателни луѓе. Мислам дека некаде во октомври повторно ќе одам во Русија и ќе можам повторно да се сретнам со рускиот претседател. А сега ќе одам да ги охрабрам нашите руски пријатели да се подготват за Генералното собрание на ОН, ќе ги замолам да ја разјаснат оваа ситуација и да нè поддржат во нашата желба да одржиме референдум и да добиеме независност“, рече тој во интервју за Спутник.

Додик повтори дека ќе побара од Русија да стави вето на понатамошното присуство на воената мисија на Европската Унија АЛТЕА во БиХ, што го смета за фактор на окупација.

Најверојатно, ќе ги замолам нашите руски пријатели да ја откажат согласноста и да го покренат ветото за европските меѓународни сили во Советот за безбедност“, рече Додик.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Додик со песна ја прослави победата: “Само тако, само тако…“

Катерина Ѓуровски

„Сакавте да се ослободите од Додик, а добивте двајца“ – хаос по изборите во Република Српска

Република Српска утре го избира наследникот на Додик

А1он

Додик: Мирот се зачувува преку почитување на Дејтонскиот договор, а не преку диктатура и политичко насилство

Горан Наумовски

Додик: Доаѓа време кога позицијата на Република Српска ќе се подобри уште повеќе

Уставниот суд ја отфрли жалбата на Додик

А1он