Додик најави „мирно раздвојување“ со Босна и Херцеговина

Од:

Милорад Додик денеска беше реизбран за претседател на Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД), партија која континуирано ја води од нејзиното основање во 1996 година, а во говорот по тој повод рече дека Босна и Херцеговина ја смета за неодржлива и најави дека ќе иницира „мирно раздвојување“ на нејзините два ентитета.

Додик беше единствениот кандидат за претседател на неговата партија, а учесниците на нејзиниот изборен Конгрес одржан во Добој речиси едногласно го избраа.

Фалејќи се дека СНСД сега има повеќе од 200.000 членови, Додик изрази уверување дека ќе остане на власт уште долго.

Тој рече дека СНСД ја води борбата за традиционално општество засновано на семејни и здрави човечки односи, а современото застапување за човековите права и особено за правата на ЛГБТ луѓето го нарече „напад на здравиот разум и на здравото општество во целина“.

Во својот говор тој повторно го обвини Западот за антисрпски активности и најави продолжување на конфронтацијата со меѓународната заедница и оспорување на постапките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.

Тој ја опиша БиХ како „принуден државен сојуз“ кој Србите не го сакаат и го сметаат за „жив мртовец“.

Би можело да ве интересира

САД воведоа нови санкции за Милорад Додик и неговите деца

Додик до американскиот амбасадор: Со пријатели како тебе, не ни требаат непријатели

По средбата со Орбан, Додик откри дека Унгарија сака да ги продолжи проектите што Германија ги прекина

Додик: Настаните во Косово го покажаа лицемерието на меѓународната заедница

Горан Наумовски

Додик: Шмит треба да замолчи и да исчезне, а САД не се толку страшна сила за да ги решава работите по телефон

Предраг Петровиќ

Хелез: Додик планира да избега од БиХ