Додик: Моќни луѓе од Русија, Србија и Унгарија ми понудија да избегам од БиХ

Од:

Милорад Додик откри дека влијателни луѓе од одредени европски земји му нуделе сместување доколку мора да избега од Босна и Херцеговина во екот на уставната криза и потерниците, пишува „Дневни аваз“.

– Добив понуда од некои моќни европски луѓе кои ми рекоа дека немаат ништо против јас да одам и да живеам слободно во Унгарија, Русија, Србија, каде што сакам – откри лидерот на босанските Срби.

Додик во последно време е во фокусот на европската јавност поради кризата во Босна и Херцеговина. На крајот на февруари тој беше судски осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење политичка функција поради носење незаконити закони.

По Додик беше распишана потерница на територијата на Босна и Херцеговина, а Сараево побара потерницата да ја распише и Интерпол, што тие го одбија.

Додик ја напушти БиХ откако беше покренат налогот за апсење.

Прво бил во Израел, а потоа отишол во Москва да го посети Путин, кој чува многубројни бегалци како Асад, но и семејството на покојниот Слободан Милошевиќ.

Би можело да ве интересира

Додик: Унгарија не нè напушти дури ни кога предизвиците беа најголеми

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Додик со песна ја прослави победата: “Само тако, само тако…“

Катерина Ѓуровски

„Сакавте да се ослободите од Додик, а добивте двајца“ – хаос по изборите во Република Српска

Република Српска утре го избира наследникот на Додик

А1он

Додик: Мирот се зачувува преку почитување на Дејтонскиот договор, а не преку диктатура и политичко насилство

Горан Наумовски

Додик: Доаѓа време кога позицијата на Република Српска ќе се подобри уште повеќе