Додик ја прогласи за непожелна и ја протера германската министерка

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, истакна дека не верува оти германската министерка за Европа и климатски прашања – Ана Лирман е толку наивна што по сите лаги и навреди кои ги изрече, само за да и се допадне на сараевската чаршија, очекувала дека нејзините активности во Република Српска ќе бидат молчеливи.

– Таа замина. Не ми се верува дека е толку наивна што по сите лаги и навреди што ги изрече, само за да и угоди на сараевската чаршија, очекуваше немо да ги набљудуваме нејзините постапки во Република Српска. Во дилема сум дали е нејзина интелигенција или се водеше од интелигенцијата на опозицијата. И двете се глупави – вели Додик во објава на социјалната мрежа Х.

Ова доаѓа откако германската министерка за Европа и климатски прашања Ана Лирман требаше да одржи средба во Бања Лука со претставници на Партијата за демократски напредок (ПДП), па истата беше откажана во последен момент.

Како што изјави за Klix.ba потпретседателот на ПДП, Игор Црнадак, средбата во Бања Лука не се одржала бидејќи Владата на РС ја прогласила министерката за персона нон грата и таа ја напушта земјата.

Би можело да ве интересира

Додик: Унгарија не нè напушти дури ни кога предизвиците беа најголеми

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Додик со песна ја прослави победата: “Само тако, само тако…“

Катерина Ѓуровски

„Сакавте да се ослободите од Додик, а добивте двајца“ – хаос по изборите во Република Српска

Република Српска утре го избира наследникот на Додик

А1он

Додик: Мирот се зачувува преку почитување на Дејтонскиот договор, а не преку диктатура и политичко насилство

Горан Наумовски

Додик: Доаѓа време кога позицијата на Република Српска ќе се подобри уште повеќе