Додик го доби контролниот пакет во Домот на народите на државниот парламент

Од:

Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ донесе одлука според која партијата предводена од Милорад Додик во наредните четири години ќе го има контролниот пакет во српскиот клуб во Домот на народите на државниот парламент.

Врз основа на одлуката донесена од Судот на Босна и Херцеговина, членовите на ЦИК изгласаа дека Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) ќе добие четири од пет претставници во српскиот клуб на Домот на народите на Парламентот на Босна и Херцеговина, што и даде можност на таа партија да има одлучувачко влијание врз функционирањето на извршната власт и процесот на носење закони на државно ниво.

Српската демократска партија (СДС) ќе има само еден претставник во тој клуб, така што опозицијата во Домот на народите ќе има само симболична улога.

За да се конституира Домот на народите на Парламентот на БиХ потребно е и да се изберат хрватски и бошњачки претставници кои ќе бидат делегирани во Домот на народите на Парламентот на Федерацијата на БиХ.

Спроведувањето на резултатите од изборите одржани во БиХ на 2 октомври минатата година ќе биде завршено кога ќе се изберат Советот на министри на БиХ и претседателот и потпретседателите на Федерацијата БиХ, како и владата на тој ентитет, што се очекува до крајот на јануари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ

Додик: Вучиќ ќе победи за суверенитетот на Србија

Горан Наумовски

Додик: Овој ден нека биде одбележан во мир и достоинство

Додик го повика на физичка пресметка, американскиот амбасадор возврати: Подло и заостанато

Предраг Петровиќ