Додик: Ги прекинуваме сите контакти со американската и британската амбасада

Од:

Претседателот на Република Српска Милорад Додик соопшти дека на состанокот на владејачката коалиција во РС било договорено да се донесе одлука која ќе ја усвои владата на РС и Националното собрание на тој ентитет за прекин на контактите со Амбасадите на САД и Велика Британија во БиХ.

„Дејтонскиот договор не го потпишаа САД или Велика Британија, не се тие кои би можеле да го толкуваат договорот бидејќи се работи за потписниците на договорот и неговите анекси. Американската и британската амбасада систематски го уништуваат Уставот на Босна и Херцеговина и други анекси“, посочи Додик.

Тој смета дека американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Мајкл Марфи, отворено го поддржува повикот за оружје на муслиманите во Босна и Херцеговина. Владејачката коалиција смета дека ваквото однесување е директен удар за можното помирување во Босна и Херцеговина.

„Затоа, принудени сме да ги прекинеме сите контакти со споменатите претставници на амбасадите. Контактите ќе ги прекинат претставниците на властите во Република Српска и претставниците на Србите на ниво на БиХ, од Претседателството на БиХ, Советот на министри и Парламентарното собрание“, најави Додик.

Се очекува владата на РС да донесе ваква одлука следната недела и Националното собрание да ја усвои на следната редовна седница.

„На ова бевме принудени од американската и британската страна, бидејќи е очигледно дека покрај сите досегашни прекршувања на Дејтонскиот договор, особено Анекс 4 и Анекс 10, подготвуваат уште една измама и грабеж во врска со имотот кој несомнено и без сомнение припаѓа на Република Српска“, заклучи Додик.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Додик од митингот во Белград: Да живее Русија

Додик се сретна со Лавров: Русија е жртва на НАТО и на Западот, се брани од нацизам и фашизам

Катерина Павлова-Николовска

Додик пристигна во Москва, се сретна со еден од најблиските соработници на Путин

Ана Ололовска

Додик патува за Москва, најави што ќе разговара со Путин

Ана Ололовска

Додик оди кај Путин

Ана Ололовска

ВИДЕО: Додик вели дека ќе го истепа шефот на делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина