Додик е успешно опериран, префрлен е на интензивна нега

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска е успешно опериран во Белград, соопштија од Кабинетот на претседателот на Република Српска.

По неколкучасовна комплицирана операција, која започна во осум часот, претседателот Додик беше сместен на Одделот за интензивна нега.

Операцијата е извршена во клиника специјализирана за овој тип на болест, со вклученост и консултација на лекари од Република Српска.

– Јавноста ќе биде навремено информирана за здравствената состојба на претседателот на Република Српска, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот на Република Српска.

Би можело да ве интересира

Додик: Нарушени ми се човековите права, дискриминиран сум и лажно обвинет

Додик: Ако САД имаат право на Гренланд, тогаш Србија има право и на Република Српска

Додик: Стигнав во моето село, ви благодарам на сите за поддршката

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ