Додик: БиХ одбива помош поради која би била обврзана да прими мигранти

Од:

Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик рече дека ќе се залага БИХ да ја одбие секоја финансиска помош од Европската унија поради која би била обврзана да прими мигранти.

Тој вели дека во БиХ моментално има од 3.500 до 4.000 мигранти кои се сместени на различни локации.

– Гледаме дека Европа се обидува да смести мигранти во некои земји. Австрискиот канцелар Себастијан Курц пред неколку месеци излезе со јасна понуда дека на земјите кои ќе прифатат да формираат кампови за мигранти ќе им се даде финансиска помош. Ќе се залагам таа помош да се одбие поради обврската да примиме мигранти, кои се сериозен безбедносен, социјален, здравствен и комуникациски проблем, рече Додик.

Тој додаде дека БиХ нема механизми да одговори на тоа прашање.

Би можело да ве интересира

Додик: Ќе продолжам да победувам во Република Српска

Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство

Додик: Република Српска не го загрозува мирот во Босна и Херцеговина, се друго е лага

Дачиќ: Додик и Стевандиќ се државјани на Србија

Горан Наумовски

Додик: Следната недела ќе се вратам во БиХ

Горан Наумовски

Судот му ја прати пресудата на Додик, има рок од 15 дена да се жали

Горан Наумовски