Турција планира да ги заостри барањата за државјанство и воведе добро морално однесување како услов за странците кои сакаат да станат турски државјани, предвидува нацрт законот.
Новиот услов е дел од контроверзниот закон за внатрешна безбедност, за кој парламентот ќе расправа денеска, што предвидува заострување на условите за добивање турско државјанство и стапување во брак.
Владата веќе го достави нацрт законот до парламентот, што брои 550 пратеници. Мнозинството во парламентот е на владејачката партија Право и правда, што се очекува да го одобри законот.
Законот се уште треба да прецизира на кој начин службениците, што ги разгледуваат барањата за државјанство, ќе проценуваат за моралното поведение на барателот.