Дипломатска офанзива за Јужен тек

Од:

На проектот Јужен тек Бугарија гледа како на ефиканска мерка за подобрување на енергетската безбедност на земјата, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Кристијан Вигенин.

Во интервју за ИТАР-ТАСС, Вигенин потсети дека ставот на Бугарија е дека е важна реализацијата на проектот Јужен тек, како поради диверсификацијата на снабдувањето со гас, така и на економски план.

– Сметаме дека сите проекти кои можат да диверсификуваат извори и маршрути на снабдување, треба да се гледаат и како дел од мерките за подобрување на енергетската безбедност. Јужниот тек е европски проект, не само поради тоа што вклучува неколку земји-членки на ЕУ, туку и поради тоа што како европски проект мора да биде во согласност со европските закони и прописи, изјави бугарскиот министер.

В понеделник, во Софија ќе допатува шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, по повод 135 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Бугарија и Русија.

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година