Девојче во Србија е тешко повредено за време на играта. Телеграф.рс пренесува дека девојчето запалило хартија која претходно ја полила со бензин. Пожарот избувнал и и нанел тешки изгореници по главата и телото.
Несреќата се случила денеска околу 12:30 часот во населбата Меленци во Војводина.
Девојчето со возило на Брза помош било пренесено во Општата болница во Зрењанин каде и била укажана прва помош. Потоа итно била пренесена во Заводот за здравствена заштита на деца и младинци во Војводина во Нови Сад.