Деветнаесет лица загинаа во судирите меѓу турските воени сили и курдските бунтовници

Од:

Деветнаесет лица загинаа во судирите меѓу турските вооружени сили и бунтовниците од Курдската работничка партина (ПКК) во југоисточна Турција.

Судирот се случил во околината на градот Шемдинли, во округот Хакари, откако бунтовниците доцна синоќа нападнале воен пукнт, изјави валијата на округот Орхам Алимоглу.

Во судирите меѓу загинатите има шестмина војници и двајца селски чувари.

Единаесет терористи се убиени, а 15 припадници на силите за безбедност се ранети, нагласи Алимоглу.

Повредените се хоспитализирани во болница во градот Хакари.

Алимоглу нагласи дека во регионот и натаму во тек е масовната операција на армијата.

ПКК, која од Турција САД и ЕУ е прогласена за терористичка организација, од 1984 година води вооружена борба за автономија на региони во источна и југоисточна Турција, кои се населени претежно со Курди. Во судирите досега загинаа најмалку 45 илјади лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски