Дете од 14 години со нож ја прободе мајка си во Белград откако му се расипал компјутерот

Од:

Во напад со нож од страна на нејзиниот син, 14-годишен тинејџер, денеска во белградското предградие Раковица беше повредена 52-годишна жена, јавуваат медиумите.

Инцидентот се случил во семејниот стан, а на момчето, според полицијата, пред нападот наводно му се расипал компјутерот, по што го побарал таблетот што го имала неговата сестра.

Кога таа не му го дала уредот, тој револтиран се обидел да ги избрка мајката и сестрата од станот, велат од полицијата.

Во еден момент, детето со нож ја повредило мајка си во раката, по што побегнало од станот, а жената била префрлена во болница.

Полицијата брзо реагирала и го привела момчето, кое според зборовите на мајката, било лечено поради психијатриски проблеми.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда