Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Од:

Полицијата на Косово ги соопшти деталите за инцидентот што денеска се случи на сточниот пазар во Призрен, кога беше фрлена бомба од која беа повредени десет лица.

Во соопштението се наведува дека еден од осомничените Р.М. (41) од Гњилане е приведен додека се трага по вториот осомничен кој е во бегство.

На уапсениот му е одредена мерка притвор до 48 часа.

„Продолжува полициската акција во потрага по второпријавениот, при што се извршени претреси во неговата куќа“, се наведува во соопштението на полицијата.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил по расправија меѓу трговци со животни.

-Прво дошло до тепачка, а потоа е фрлена рачна бомба од која полесно или тешко се повредени десет лица – се прецизира во соопштението.

Од повредените петмина се префрлени во болницата во Призрен, но по укажаната лекарска помош двајца од повредените се задржани во болница, додека останатите се пуштени на домашно лекување.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Фрлена бомба врз куќа во Винча: Во неа имало жена и три деца

(ВИДЕО) Втора жртва во експлозијата на бомба во Црна Гора, загинал и член на Шкаљарскиот клан

Горан Наумовски