Десетмина етнички Срби осудени на 139 години затвор за воените злосторства во Хрватска

Од:

Хрватски суд денеска за виновни прогласи десетмина етнички Срби за сторени воени злосторства врз цивили и воени заробеници во хрватското село Терпина во 1991 година и во прва инстанца ги осуди на вкупно 139 години затвор, пренесе Танјуг.

Десетмината Срби бае обвинети дека како членови на паравоени српски формации, од септември до крајот на ноември 1991 година, наредиле и учествувале во незаконското лишување од слобода, малтретирањето и убиствата на цивили Хрвати и заробени хрватски војници.

Тие се осудени за убиството на вкупно 72 цивили и воени заробеници во реонот на Терпина.

Двајца од обвинетите добиле казни од 20 години затвор, петмина по 14 години, двајца по 12 години и еден пет години затвор.

Сите обвинети во овој судски случај се уапсени во јули минатата година, со исклучок на еден, кој беше приведен во февруари годинава.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда