Десет милиони евра за ликвидација на Тадиќ и Дачиќ

Од:

Дарко Шариќ, пребегнатиот нарко бос, понуди награда од 10 милиона евра за убиство на шест највисоки српски државни функционери кои ги обвини за крах на неговата нарко империја. На списокот се Борис Тадиќ, Миодраг Ракиќ, Ивица Дачиќ, Саша Вукадиновиќ, Миљко Радисављевиќ и Снежана Маловиќ.

Списокот кој го пронајде една западноевропска разузнавачка служба минатата недела е доставен на безбедносната агенција на Србија. На него се поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ, неговиот шеф на кабинет и претседател на Бирото за национална безбедност, Миодраг Ракиќ, министерот за внатрешни работи и мандатар за состав на новата влада, Ивица дачиќ, шефот на безбедносната агенција на Србија Саша Вукадиновиќ, обвинителот за борба против организиран криминал Миљко Радисављевиќ и министерот за правда Снежана Маловиќ.

Веста стогнала од една од најдобрите европски разузнавачки служби, а со информацијата бил запознат и претседателот Томислав Николиќ.

Од неговиот кабинет информираа дека во повеќе наврати предупредиле на сериозната закана за Тадиќ и луѓето кои во поранешната влада го спречиле организираниот криминал.

Од кабинетот информираа дека нема да дозволат да се загрози безбедноста на функионерите, посебно на поранешниот претседател Борис Тадиќ.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он