Амбасадорот на Франција во Србија Франсоа-Гзавије Денио синоќа најави дека донаторската конференција за обнова на поплавените подрачја на регионално ниво, која ја организира Франција во соработка со ЕУ, ќе се одржи во јули.
– Подготовките за конференцијата напредуваат во соработка со ЕУ и таа ќе се одржи во јули, истакна Денио на приемот по повод стогодишнината од почетокот на Првата светска војна, на која присуствуваше и српскиот претседател Томислав Николиќ.
Денио истакна дека точниот датум и местото на одржување на конференцијата се уште не се прецизирани.