Дендиас за прислушувањата: Со Мицотакис имаме континуирана соработка

Од:

Со премиерот имаме континуирана соработка која се карактеризира со меѓусебна доверба, порача министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас од Брисел, додавајќи дека целосно се согласува со уверувањето на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис дека целосно ќе се расчисти случајот со прислушувањата , јави дописничката на МИА од Атина.

Изјавата на Дендиас доаѓа откако дел од медиумите во Грција објавија дека и шефот на дипломатијата бил следен од премиерската палата со помош на софтверот Предатор.

Министерот за надворешни работи на Грција пред почетокот на Советот за надворешни прашања на ЕУ во Брисел, се осврна на темите кои ќе бидат на агендата на состанокот, но и на случајот со прислушувањата во земјата, актуелна тема во Грција во изминатиот период .

-Денеска ќе разговараме за Украина, Западен Балкан и Африка, за централна Африка, прашања од големо значење за ЕУ. Но, би сакал да кажам и дека мојата соработка со премиерот е континуирана соработка која се карактеризира со меѓусебна доверба. Впрочем, тоа даде опипливи резултати на полето на надворешната политика во најтешкиот период. Исто така целосно ме покриваат уверувањето на премиерот дека целосно ќе се расчисти случајот, истакна Дендиас од Брисел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Најголемото оружје со кое располагаме е тоа што Грција е „надзорник“ на европскиот тек на Скопје

Мицотакис: Прекршувањето или селективното спроведување на Договорот од Преспа ќе ја загрози стабилноста и безбедноста во регионот

Мицотакис: Името Северна Македонија мора да се користи и внатре и надвор

Горан Наумовски

Мицотакис: Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за прашањето со името

Горан Наумовски

Мицотакис нема да присуствува на Меѓународната конференција на Ципрас и Заев

Грција: Партијата на премиерот Мицотакис освои најмногу гласови на изборите за ЕП