Дендиас и Борел телефонски разговарале за случувањата на Западен Балкан и улогата на ЕУ

Од:

За случувањата на Западен Балкан и улогата на ЕУ, но и подготвеноста на Грција да придонесе во стабилноста во регионот, телефонски разговарале министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на ЕК Жозеп Борел, како што соопшија на Твитер и самиот Дендиас и од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.

-Телефонски разговарав со високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел за случувањата на Западен Балкан и улогата на ЕУ, нагласувајќи ја подготвеноста на Грција активно да придонесе за стабилизација на регионот. ЕУ би требала да придонесе со почитување на принципот на инклузивност на сите земји членки на ЕУ, напиша Дендас на Твитер.

Шефот на грчката дипломатија остварил телефонски разговор и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград- Приштина Мирослав Лајчак, со кој освен за конкретно прашање, разговарал и за случувањата на Западен Балкан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Прва земја од регионот – потписник на Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија

А1он

Борел: Темпото на проширување и напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина мора да оди рака под рака

Захарова: Изјавата на Борел за убиството на заробените украински војници е дезинформација

Борел: Европската Унија и испрати на Украина 650.000 гранати

Горан Наумовски

Борел го осуди нападот на израелските доселеници врз палестинското село, се закани со санкции од ЕУ

Борел: Сакаме да ја видиме Северна Македонија како напредува кон ЕУ

Катерина Ѓуровски