За време на протестите во Тирана, демонстрантите фрлија неколку молотови коктели кон канцеларијата на премиерот Еди Рама, како и кон полицискиот кордон што ја обезбедуваше зградата, пренесува „Еуроњуз Албанија“ (Euronews Albania).
Молотовите коктели предизвикаа помал пожар, кој брзо беше изгаснат од противпожарна екипа што се наоѓаше во близина.
Водените топови беа подготвени за употреба, но не беа активирани, а полицијата не упати никакви предупредувања до демонстрантите.
Иако првично беа поттикнати од незадоволството од состојбата во образовниот систем, високите трошоци за студирање и ограничените можности за вработување на младите, движењето прерасна во пошироки антивладини протести, при што демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама.
