Демирташ: Трета жртва на двете вчерашни експлозии во Дијарбекир

Од:

Лидерот на прокурдската Демократска партија на народите (ДПН) Селахатин Демирташ денеска изјави дека од повредите здобиени во вчерашните експлозии во градот Дијарбекир починало и трето лице, пренесе агенцијата Анадолија.

Демирташ посочи дека над 350 лица биле ранети во двете експлозии во центарот на Дијарбекир, град во југоисточна Турција, и тоа за време на предизборен митинг на ДПН.

-Триесет лица се наоѓаат во критична состојба и нивното лекување продолжува, рече Демирташ пред новинарите на аеродормот Ататурк во Истанбул.

Во Истанбул денеска ќе се одржи последниот митинг на партијата на Демирташ пред утрешните парламентарни избори.

-Тоа беше обид за масово убиство. Целта беше во експлозиите во Дијарбекир да загинат стотици лица, додаде лидерот на ДПН.

Тој посочи дека, според него, оние кои стојат зад експлозиите за цел имале да испровоцираат безредија во кои ќе има уште повеќе жртви.

Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, изјави дека двете експлозии, што беа активирани на предизборниот митинг на ДПН, претставуваат
„саботажа и провокација“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ