Демирташ со повик до ПКК и турската Влада за прекин на насилствата

Од:

Лидерот на прокурдската партија во Турција, Селахатин Демирташ ги повика денеска ПКК да го „тргнат прстот од чкрапалото“, а Владата да запре со бранот насилства и отпочнување дијалог.

Демирташ лидер на Народната демократска партија се обрати откако шест луѓе загинаа во судири на силите за безбедност и бунтовници на југоисток во државата, претежно населен со Курди.

– Денеска ги повикувам двете страни – ПКК мора веднаш да го тргне прстот од чкрапалото и да објави дека ќе почитува прекин на огнот, нагласи тој на прес конференција во Ван.

Демирташ додаде дека Владата мора да ги запре безбедносните акции и да соопшти дека е подготвена за дијалог.

Насилствата се случуваат во момент на политичка нестабилност во Турција каде коалиција треба да биде формирана, што ги зголемува можностите за предвремени избори.

ПКК во средината на јули соопшти дека ќе ги засили нападите оти турските сили го кршат примирјето. Насилствата ескалираа кога Турција бомбардираше кампови на ПКК на север во Ирак на 24 јули.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ