Еден месец по обилните дождови, повеќе од 700 куќи во околина Скадар, на северозападниот дел на Албанија и понатаму се под вода, чија што висина изнесува околу еден метар.
Населението од поплавениот регион ги обвинуваат раководителите на браните низ кои беше пуштана водата за да се одржи нивото, кое можат да го совладаа, и велат дека владата не направила речиси ништо со што би им ја олеснила состојбата.
Луѓето продолжија да живеат во своите домови, бидејќи повеќето куќи во внатрешноста се суви, а главно превозно средство им се чамци.
Скадарските власти соопштија дека на поплавените им е доставена помош во основните намирници, додека храната за животните е на пат до поплавените места.
Елена Георгиевска