„Дејли стар“: Перењето пари за финансирање на ИД се врши во БиХ

Од:

Парите кои се собираат во џамиите во Велика Британија се користат за финансирање на терористите од Исламска држава, а перењето на тие пари се одвива преку сметки во Босна и Херцеговина, објави вчера британскиот весник „Дејли стар“.

Весникот наведува дека многу лесно можат да се разоткријат сомнителните финансиски текови преку социјалните мрежи. На новинар од „Дејли стар“ преку приватна порака на социјалните мрежи му било кажано дека донираните пари преку БиХ се испраќаат до милитантите на Блиски Исток.

Исто така на новинарот му било кажано дека за донација да го контактира Исо Амрики, кој на социјалните мрежи се претсатвува под имињата „HoneyNtea“ и „Wolf Raised“. Амрики изјавил дека парите за ИД ги собира во џамиите во Велика Британија.

– Амрики ме советуваше донацијата да ја уплатам преку мрежата за трансфер на парти „Moneygram“ во БиХ, бидејќи тоа е најсигурен начин, тврди новинарот на „Дејли стар“.

Би можело да ве интересира

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница