Дедеиќ: Србите и Црногорците повеќе го сакаат Путин од Ѓукановиќ

Од:

И Србите и Црногорците во Црна Гора повеќе го сакаат рускиот претседател Владимир Путин отколку црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, а во владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) се свесни за тоа, оцени претседателот на Српска листа, Добрило Дедеиќ.

Тој наведе и дека државниот врв на Црна Гора треба најсериозно да ја сфати пораката на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој изјави дека влезот во НАТО е провокација за Русија.

– Пораката која ја испрати Сергеј Лаворов потврдува дека Руската Фдерација нема немо да ја набљудува кадифената НАТО окупација на регионот, конкретно на Црна Гора, каде рускиот капитал има удел повеќе од пет отсто во бруто домашниот производ. Таквиот став, му се допаѓало или не на некого, е логичен, посочи Дедеиќ.

Тој истакна дека ДПС треба да преземе разумни чекори во согласност со општествената и политичката реалност, а не да ги заострува поделбите меѓу населението, кое во „поголем број се рускофили“.

Би можело да ве интересира

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот

(ВИДЕО) Нови снимки: Полицијата обвинета дека лажела за фаќањето на убиецот од Цетиње

Катерина Ѓуровски