Деда: Нема да победат ни Косово ни Србија

Од:

Директорот на косовскиот институт за политички истражувања и развој, Илијир Деда изјави дека на преговорите во Брисел нема да има победник и дека ќе мора да попуштат и Косово и Србија.

-Ни Косово ни Србија нема да победат. Север ќе се приклучи кон Косово, а за возврат ќе се формираат асоцијации на српските општини со минимални или максимални извршни овластувања. Некои луѓе сигурно ќе бидат огорчени, а некои среќни. Најпосле проблемот ќе биде решен и сите ќе се свртиме кон вистински развој на општеството и животот – изјави Деда.

На прашањето дали косовската влада на Хашим Тачи има сили да ги спроведе договорите, тој истакна дека владата во Приштина е зависна од поддршка од страна и дека затоа ќе примени се што е потребно.

-Косовската влада нема мнозинство во парламентот, таа се одржува вештачки поради процесот на дијалогот со Белград. Мислам, што се однесува до Приштина нема да има проблеми кога станува збор за примена. Владата е многу слаба и премногу зависи од страна поддршка – нагласи тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски